Спорт, наместо насилство во училиштата
- Written by adminbalkania
- Published in Implemented projects
- Leave a reply
- Permalink

Спорт, наместо насилство во училиштата. Крајниот исток вклучен во голем европски проект
By Телевизија Стар
July 15, 2016
LINK :
Малешавијата и Пијанец се вклучија во борбата против насилството во училиштата преку спортот, но и во борбата против светската епидемија на неактивност. Како дел од проектот Спорт за сите“ преку Еразмус плус програмата на ЕУ, координиран од Бугарската федерација за деца лишени од родителска грижа и НВО Балканија, во Пехчево и Берово се говореше за спортот како алатка значајна за подигање на јавната свест во сите општествени структури:
„Сакаме да го доближиме спортот до сите, започнувајќи од најмалите па се до пензионерите“ , вели Владо Србиновски НВО Балканија. Придобивките од спортот носат и економски бенефит, бидејќи спортот оди рака под рака со развојот на туризмот: „Го избравме овој регион според, бидејќи малешевијата е регион со најдобри предиспозиции“, кажа Владо Србиновски, НВО Балканија. Паметните партнерства во спортот се вредна алатка за решавање многу девијации:
„Гледаме можност со иницијативата за отворање спортски клубови во училиштата кој има таргет до 2016 да се вклучат 90 илјади ученици од средните и основните училишта или 30% од учениците тука да се вклучи и едукатовниот карактер на спортот“ , изјави Емир Слезовиќ- “Sumer work and travel Alumni Macedonia”.
„Во овој проект се вклучени многу организации и претставници од многу европски држави и сакаме да опфатиме директори , на градинки и на училишта, тренери, наставници, преку обуки и размена на искуства, да бидат обучени да се справат преку спортот со сите деца и првото нешто што се акцентира е да се сопре насилството во училиштата преку спортот, бидејќи спортот е за сите нас“ , рече Кире Георгиев, Бугарска спортска федерација за деца лишиени од родителска грижа. Проектот ќе се спроведува една и половина година, а освен во Македонија, активности ќе се спроведуваат и во Бугарија, Шпанија Португалија Унгарија, Романија Грција и Турција.