BALKANiA is a Balkan Association for Alternative Tourism focused on local sustainable economic development through alternative forms of tourism in macro sectors identified as: - Natural Tourism - Cultural Tourism - Rural Tourism - Sport Tourism

Implemented projects

BALKANIA is an association for Balkan Alternative Tourism and its activities include realization of projects in the field of alternative tourism which enable the promotion of Macedonia and the entire Balkan region as an attractive tourist destination with exceptional natural, historical, cultural and anthropological heritage. In addition to that, it focuses on projects and activities that help foster human capacity development in the field of tourism.

Повик за учество на обука за млади 18-25 години

 
 
 
Драги колеги, 
 
Задоволство ни е да ве информираме дека БАЛКАНИА – Балканската Асоцијација за Алтернативен Туризам е партнер/учесници на Евроскиот проект од програмата ЕРАЗМУС +“YOUth CREAtive Tourism Environment – YOU CREATE” одобрен од Националната агенција на Бугарија.
 
Меѓу другите активности, проектот опфаќа реализирање на мобилност во Софија и Мирково, Бугарија, во периодот од 14.09 до 22.09.2015 на која ќе учествуваат 6 од заинтересираните и пријавените и селeктирани учесници според предвидените критериуми. Идејата на проектот е да се создаде мрежа на млади професионалци, на иновативен и целисходен начин и да се развие потенцијалот на руралниот туризам, како начин за справување со невработеноста во руралните области. Во согласност со програмата за мобилност на младите на Еразмус +, неформалното учење преку младинска размена ќе им отвори можност на 6 млади лица да ни се придружат и да земат активно учество.
Заитересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве критериуми:
 
1. Возраст помеѓу 18 и 25 години
 
2. Да припаѓаат на најмалку една од следниве категории:
 
• млади од економски негативна средина (кои живеат во руралните региони со ниски економски стапки)
 
• млади луѓе, кои доаѓаат од семејства кои работат во секторот за рурален туризам
 
• млади луѓе, кои во моментов студираат туризамот на признати образовни институции
 
3. Да бидат во можност во периодот од 14.09 до 22.09.2015 да учествуваат на обуката во Бугарија (се однесува на можност во временска, не во финансиска смисла, трошоците за учество се покриени од проектот)
 
4. Апликацијата за учество подразбира доставување на уредно CV на Македонски и Англиски јазик на v.srbinovski@yahoo.com leonidabassa@gmail.com најдоцна до 20.07до 12ч напладне.
 
Проектот отпочнува на 2015/07/15. Во јули и август на апликантите кои ќе влезат во првата селекција ќе им биде доставен прашалник кој секој кандидат индивидуално ќе го пополни со цел да се дефинира нивната првична мотивација, интереси и очекувања од нивното учество во проектот.
 
Секоја од земјите-учеснички ќе учествува со 6 (3 момче и 3 девојчиња) учесници (млади луѓе на возраст меѓу 18 и 25) и еден лидер на тимот. Активностите на мобилноста се конципирани како 7 дневна програма спроведена во периодот меѓу 2015/09/15 – 22. 09. 2015 година, а активностите на младите ќе бидат тематски одделени во седум теми, по еден за секоја од денот на настанот. 49 млади луѓе кои ги исполнуваат овие критериуми, на возраст меѓу 18 и 25 години, од 7 партнерски организации ќе учествуваат во проектот. Внимателно избраните млади луѓе од Бугарија, Македонија, Романија, Албанија, Турција, Словенија и Шпанија ќе бидат активни учесници и амбасадори на проектот и неговите резултати. Идејата на активностите предвидени во овој проект е да придонесе за создавање на локален нетворк систем, намалување на некомпатибилноста помеѓу академските знаење стекнато во образовните институции, стекнување практични вештини кои се потребни за работа во секторот за рурален туризам. Овој систем формиран како мрежа, или “општество”, би се стремел кон постојано зголемување на бројот на членови – млади професионалци со различни искуства и знаења во руралниот туризам.
Активностите од мобилноста вклучуваат: презентации, посети, културни вечери, тимбилдинг сесии и активности со кои се стимулира развој на лидерски и претприемачки вештини кај младите луѓе, стратегиски игри, решавање на проблеми и брејнсторминг сесии. Очекуваме ова да резултира во унапредување на личните и професионални вештини кај младите, како на пример:
 
• спроведување на интеркултурна размена
 
• подобрување на презентациски вештини и тимска работа на учесниците
 
• овозможување размена на добри практики
 
• развивање чувство на толеранција и солидарност
 
• развивање мрежа на млади професионалци, во брзорастечкиот сектор на туризмот
 
• развивање своите претприемачки и лидерски вештини
 
• развивање на еколошката свест
 
• создавање услови за развој на активно граѓанско општество во руралниот туризам,невработените, маргинализираните, или институциите на локалната власт, невладини организации, мали и средни претпријатија, универзитети, училишта, јавни институции, start-up, експерти во областа на туризмот, итн
Преку интеркултурна соработка и размена на искуства, ќе се придонесе за развој на успешни млади претприемачи и професионалци во областа на руралниот туризам во нивните региони. Ова ќе доведе до отворање на многу нови работни места како начин за борба против високите нивоа на локалното ниво на невработеност и емиграција на младите од руралните во урбаните средини. Постепено зголемување на бројот на млади членови на деловната мрежа од различни земји ќе помогне да се шири ефектот на успешно користени методи и практики.
Разновидноста на искуство и надлежностите на членовите на мрежата целосно ќе придонесе за создавање на “инкубатор” за бизнис идеи во областа на руралниот туризам. Оваа долгорочна цел е во согласност со приоритетите на “Европа 2020 “стратегија,” Образование и обука 2020 “и обновување на рамка за Европска соработка во полето на младите (2010-2018).
За пријавување ве молиме да се јавите на наведените маил адреси:

Leave a Reply

OUR PROJECTS

Log In

Create an account