Youth Exchange – “Just do it” Повик за учесници за младинска размена во Brzozów, Poland
- Written by adminbalkania
- Published in Implemented projects
- Leave a reply
- Permalink
Балканија како партнер во проект од програмата Еразмус+ нуди учество во мобилност за млади луѓе од 15-25 години.
04-11 Јули 2016
Учесници: 5 слободни местa
Контакт: andrej.bandovski@gmail.com
v.srbinovski@yahoo.com
Тема: Во денешно време младите бираат да јадат брза храна и да играат видео игри наместо надворешни активности и здрава исхрана. Има се’ повеќе случаи на дијабетис, прекумерна тежина, проблеми со правилно држење на телото и слично. Затоа учењео за здрав животен стил е од голема важност, особено започнувајќи од најраната возраст. Исто така, и спортот е одлична можност да се научи како треба да се работи како тим за да се постигне заедничката цел. Младинската размена “Just do it“ во Бжозов, Полска во периодот од 04-11.07.2016, ќе биде повод за учење и дружење на 30 млади луѓе на возраст помеѓу 15 – 25 години и на 5 младиснки работници од Македонија, Италија, Романија, Словенија и Полска.
Главната цел е да се промовира здрав животен стил и спортски активности кај младите луѓе во рамките на Еразмус+ програмата. Сите активности ќе се спровеат со користење на алатки и методи за неформално образование и ќе го користиме сертификатот Youthpass за прознавање на сите стекнати компетенции. Главниот производ на размената ќе биде “Водич за спорт и здрав живот” кој ќе содржи различни правила, слики, приказни и успешни примери за тоа како спортот може да биде од важност за животот на младите луѓе денес. Ќе биде креиран од страна на учесниците за време на размената и ќе биде достапен онлајн за да се распространи во нивните земји и заедници.
Владо Србиновски
НВО “Балканија”, Скопје, Македонија
тел. + 389 71 30 94 97
+ 389 78 33 71 71
e-mail: v.srbinovski@yahoo.com
vsrbinovski_balkania@yahoo.com
http://www.balkania-association.com








